Столтенберг: Евентуална употреба на нуклеарно оружје ќе има сериозни последици по Русија
По најновата ескалација на нападите во Украина, и заканите со нуклеарни напади од Москва, сојузниците ќе ја зголемат будноста и мониторингот на руските нуклеарни капацитети...

Министрите за одбрана на НАТО на состанок во Брисел, во клучно време за безбедноста на Алијансата. По најновата ескалација на нападите во Украина, и заканите со нуклеарни напади од Москва, сојузниците ќе ја зголемат будноста и мониторингот на руските нуклеарни капацитети. Генералниот секретар на НАТО Столтенберг со предупредување дека евентуална употреба на нуклеарно оружје ќе има сериозни последици по Русија.
„Слушнавме за шпекулациите за употреба на нуклеарно оружје во Украина. Јасно кажавме дека ова ќе има сериозни последици за Русија. Русија знае дека не може да се победи во нуклеарна војна и таква војна никогаш не смее да почне. Ние повнимателно ќе ги набљудуваме руските нуклеарни капацитети. Засега не сме виделе промена. Но ќе останеме будни и ќе продолжиме поблиску да ги набљудуваме, затоа што нуклеарните закани и реторика од Русија се опасни“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
