Георгиев: Не е доволно само отворено да се говори за корупцијата, потребни се итни решенија
Повеќе не е доволно само отворено да се говори за корупцијата, потребно е да се дадет итни решенија, смета антикорупционерот георгиев.. Според него, спрегата на политичари со нискиот интегритет и бизнисмените продолжува да ја поттикнува корупција.. Тркалезната маса на тема „стандарди на интегритетот во јавниот сектор, според конвенцијата на обединетите нации против корупција...

Пандемијата претходно и веднаш по неа војната во Украина имаа силен одраз на економската криза со што се продлабочија состојбите со корупцијата. Веќе не е доволно да се говори отворено за неа, вели антикорупционерот Георгиев, туку итно да даде сложен одговор каква е што и нејзината природа. Спрегата на политичари со низок интегритет и бизнисмените продолжува да ја поттикнува корупција, смета Ѓеоргиев.
Недозволиво е службеното лице да работи за личен наместо за општествен интерес, вели директорката на агенција за заштита на право на слободен пристап до информации, Бојчева.
На корупцијата мора да ѝ се застане на патот, уверуваат од Министерството за правда.
На тркалезната маса на тема „Стандарди на интегритетот во јавниот сектор според конвенцијата на Обединетите нации против корупција“, се обрати и Билјана Цветановска Гугоска, раководител на Сектор за демократско владеење при УНДП.
Фиљана Кока
