Македонија

Прилеп: Проект за реинтеграција на осудените лица

12.10.2022 14:50

Центарот за граѓанска иницијатива почна проект, прв од ваков вид во земјава за ресоцијализација, реинтеграција на осудените лица. Во две работилници ќе се оспособуваат за пазарот на трудот. Приватниот сектор вели дека има потреба од занаетчиска работна сила...

Соодветната ресоцијализација и реинтеграција на осудениците може да го намали високиот процент на повторување на делата. Посебно ќе помогне обучувањето во занимања за да се вклучат во пазарот на трудот, констатираат од Центарот за граѓанска иницијатива кој почна тригодишен проект, прв од ваков вид во земјава.

Во прилепскиот казнено поправен дом ќе бидат баварската работилница и ИТ-лабораторијата каде осудениците ќе стекнуваат вештини. Велат има интерес кај осудениците.

Центарот за социјални работи има активна улога во проектот, зашто има и искуство со пружањето социјална и советодавна помош на лицата и на нивните семејства, а приватниот сектор е подготвен да ги понуди работните места.

Проектот финансиран од ЕУ ќе трае до средината на 2025-та година.

Елизабета Митреска