Македонија

Од полноќ нова цена на дизелот

12.10.2022 14:53

Дизелот поскапува за три денари, екстралесното масло за домаќинство за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на еуродизелот ќе изнесува 103,5 денари за литар...

Дизелот поскапува за три денари, екстралесното масло за домаќинство за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуродизелот ќе изнесува 103,5 денари за литар, екстралесното масло ќе чини 99 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 91 денар. И мазутот останува со иста цена. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01%.