Потешкотии во реализацијата на новата концепција во основното образование
Недостигаат дигитални алатки за спроведување на наставата, има проблеми со интернет врската, недоволни се обуките за наставниците. Има проблеми при спроведувањето на новата програма за прво и четврто одделение, особено во руралните средини. Тимови на бирото за развој на образованието во посета на училишта за да ги детектираат слабите точки...

Во руралните средини и кај помалите етнички заедници потешко оди спроведувањето на новата програма во прво и четврто одделение. Анализите на невладини организации покажуваат дека таму училиштата немаат основни дигитални алатки за спроведување на наставата. Проблем е и инфраструктурата: интернет-конекцијата, недостигаат образовни асистенти и обуки за наставниците.
Бирото за развој на образованието ја анализира реформата. Тимови од институцијата ги посетуваат училиштата за да утврдат недостатоци. Директорот информираше дека се изготвени 3 модели за обука на наставниците.
Со истражувањето биле опфатени 11 Општини, анкетиран 231 наставник и 628 родители. Минатата учебна година, новата програма се воведе во прво и четврто одделение, од септември се опфатени основците во второ и петто одделение.
Викторија Милевска
