Органодарителството, највисок чин на човекољубие
Намален постоперативниот период и ризикот од отфрлање на новиот орган. Лани во Македонија направени 16 кадаверични трансплантации за нова шанса за живот...

Да не постоеше органодарителството како највисок чин на човекољубие, јас сега немаше да разговарам со вас, вели скопјанката Емилија Христовска Костовска, која минатата година доби срце. До пред три години кај нас не се правеа трансплантации на срце. Кога и кажале дека и треба ново и здраво, тоа и се чинело како далечна илузија. Здружена со други пациенти, иницирала кампања за подигнување на свеста за значењето на органодарителството. Емилија беше третиот пациент кој доби срце.
Минатата година во Македонија имало 16 кадаверични трансплантации. Освен срце, бубрези, коски, македонското здравство се подготвува и за трансплантација на други органи.
Во моментот за трансплантација на бубрег од жив дарител има 4-5 пара кои се подготвени за интервенција, и уште толку кои се во фаза на подготовка. Осумдесетина пациенти чекаат трансплантација од починат донор.
Наташа Јанчиќ Менковски
