Ковид-19

Нови 28 заразени со Ковид-19, нема починати

12.10.2022 15:24

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 24, Велес – 2, Куманово и Гевгелија – по 1...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 24, Велес – 2, Куманово и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се седум реинфекции.

Регистрирани се 39 оздравени пациенти од: Скопје – 22, Прилеп-5, Куманово-4, Битола – 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.