Македонија

Оштетен натписот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис трети“

12.10.2022 15:45

Натписот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис трети“ денеска околу 12 часот и 45 минути е оштетен од непознати сторители. Веднаш по пријавувањето во полиција, службеници на СВР Охрид излегоа на местото на настанот и работат на расветлување на случајот...

Натписот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис трети“ денеска околу 12 часот и 45 минути е оштетен од непознати сторители. Веднаш по пријавувањето во полиција, службеници на СВР Охрид излегоа на местото на настанот и работат на расветлување на случајот.

Клубот беше отворен во минатата недела и предизвика многубројни негативни реакции кај охриѓани и македонската јавност токму поради името на културниот клуб