МТСП

Состанок на Економскиот совет

12.10.2022 17:08

Седница на Економско-социјалниот совет. Според бизнис-заедницата, не е време за даночна реформа. Бараат да се продолжи мерката за субвенционирање на придонесите која истекува на крајот на месецов...

Седница на Економско социјалниот совет во Министерството за труд и социјална политика.Од бизнис заедницата бараат конкретни мерки за помош на компаниите. Во спротивно велат, ќе мора да ги затвораат своите капацитети и да отпуштаат вработени. Сметаат и дека сега не е време за даночна реформа и бараат продолжување на мерката за субвенционирање на придонесите.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија се незадоволни од владините мерки, бедејќи како што велат, со нив не се опфатени работниците. Бараат методологија за раст на платите согласно растот на инфлацијата и на минималната потрошувачка кошница.

Пред три дена Владата го објави пакетот мерки. Во него се опфатени најранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања.

Марија Котовска