Полска
Истекување на најголемиот нафтовод „Дружба“
12.10.2022 17:25
Нафтоводот „Дружба“ што пренесува нафта од Русија во Германија преку Полска е делумно затворен по откриено истекување-објави полскиот оператор Перн...

Нафтоводот „Дружба“ што пренесува нафта од Русија во Германија преку Полска е делумно затворен по откриено истекување-објави полскиот оператор Перн.
Истекувањето е откриено на 180 километри западно од Варшава. Испратено е известување до рускиот државен гасоводен монопол „Транснефт“.
Причините за дефектот се истражуваат. „Дружба“ е најголемиот нафтоводен систем во светот со должина од 8.900 километри. Транспортира нафта од Урал во Европа преку две гранки-Белорусија и Украина.
