Франција
Се мобилизираат работници во рафинериите
12.10.2022 17:26
Француската влада почна да ги мобилизира нафтените работници кои се во тринеделен штрајк, во обид да обезбеди гориво за бензинските пумпи низ земјата...

Француската влада почна да ги мобилизира нафтените работници кои се во тринеделен штрајк, во обид да обезбеди гориво за бензинските пумпи низ земјата.
За синдикатите потегот е незаконски. Штрајкувачите бараа продолжување на нивната индустриска акција, што доведе до недостиг на горива низ целата држава.
Во тринеделниот штрајк затворени се шест од седумте француски рафинерии за нафта.
