Џафери ја врати иницијативата на Левица за референдум на доработка
Иницијативата за референдум поднесена од пратеникот Димитар Апасиев треба да се усогласи со Деловникот на Собранието во рок од 15 дена, смета собранискиот спикер Талат Џафери...

Иницијативата за референдум поднесена од пратеникот Димитар Апасиев треба да се усогласи со Деловникот на Собранието во рок од 15 дена, смета собранискиот спикер Талат Џафери. Во писмениот одговор до пратеникот, Џафери напиша дека увидел оти барањето не е подготвено во согласност со Деловникот, а поставеното прашање не било соодветно поставено од причина што заклучоците не се општ правен акт, Закон или Устав, истите по нивната природа и содржина се став кој ја насочува владата во нејзино постапување“ – стои во одговорот.
Џафери појаснува – ако предлогот на Закон не е подготвен во согласност одредбите, претседателот на Собранието пред да го достави на пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи. Но ако предлагачот не го направи тоа во рок од 15 дена ќе се смета дека предлогот на Закон не е поднесен, пишува Џафери во одговорот до пратеникот од Левица.
