Во „РЕК“ Битола се зголемува ископот на јаглен
Во двата активни рудника на „РЕК“ Битола се зголемува дневната динамика на ископ на јаглен. Според направените испитувања, овие резерви и отворањето на новиот крак на Живојно ќе има експлоатација што ќе обезбеди сигурна работа на битолските термоелектрани и во следните 10 години...

По завршените ремонтни активности и новата поставеност на неколкуте багерски единици се зголемува дневниот ископ на јаглен велат од рудникот Суводол.
Според актуелните откривки на подиумските јагленови серии динамиката на дневен ископ се очекува да оди со сличен интензитет.
Иако одамна е започната енергетската транзиција, енергетската криза во сите земји ги остави актуелни јагленот и термоелектраните. Од АД ЕСМ велат дека со отворањето на новиот рудник Живојно резерви ќе има за уште десетина години.
Ковачевски вели дека во зависност од цената на енергенсите ќе зависи и поскапувањето на цената на струјата, но не очекува поголеми потреси како резултат на намалувањето на некои трошоци.
Од другата страна на „РЕК“ Битола следниов викенд се очекува да биде ставен на мрежа ремонтираниот прв блок по што во ремонт влегува блокот два. До крајот на месецов велат се очекува да пристигне и новиот трансформатор за третиот блок.
Стевче Митревски
