Руско - украински конфликт

ООН со осуда руската анексија на четирите украински региони

13.10.2022 11:02

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја осуди руската анексија на четирите украински региони. За резолуцијата гласаа вкупно 143 земји, пет беа против, а 35 воздржани, меѓу нив и Кина, Индија, јужноафриканската република и Пакистан...

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја осуди руската анексија на четирите украински региони. За резолуцијата гласаа вкупно 143 земји, пет беа против, а 35 воздржани, меѓу нив и Кина, Индија, јужноафриканската република и Пакистан.

Со резолуцијата руските анексии се прогласуваат за неважечки и од Кремљ се бара поништување на припојувањето на украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон. Во меѓувреме, се најавува нова средба на рускиот претседател Владимир Путин и шефот на турската држава, Реџеп Ердоган. Двајцата ќе разговараат во Казахстан.

Од Кремљ соопштија дека очекуваат да ги слушнат новите идеи на Анкара за постигнување мир. На терен, пак, продолжуваат жестоките руски напади во повеќе градови во Украина.