Свет
Северна Кореја изврши пробно лансирање на крстосувачки ракети со долг дострел
13.10.2022 11:11
Лидерот Ким Јон Ун го надгледуваше лансирањето на две стратешки крстосувачки ракети со долг дострел, што тој ги нарече тест за потврда на веродостојноста и функционалноста на нуклеарното оружје распоредено во воените единици...

Северна Кореја изврши пробно лансирање на крстосувачки ракети со долг дострел. Лидерот Ким Јон Ун го надгледуваше лансирањето на две стратешки крстосувачки ракети со долг дострел, што тој ги нарече тест за потврда на веродостојноста и функционалноста на нуклеарното оружје распоредено во воените единици.
Јужнокорејското Министерство за обединување ја повика Северна Кореја веднаш да престане со тестирањето.
