Свет
Австралија зафатена од силно невреме
13.10.2022 11:21
Стотици домови во југоисточните делови останаа без струја, а жителите се подготвуваат за можните поплави по предупредувањата од метеоролозите за изобилни врнежи. Се очекува најпогодени да бидат државата Викторија и островската држава Тасманија...

Австралија зафатена од силно невреме. Стотици домови во југоисточните делови останаа без струја, а жителите се подготвуваат за можните поплави по предупредувањата од метеоролозите за изобилни врнежи. Се очекува најпогодени да бидат државата Викторија и островската држава Тасманија.
Во некои области на Викторија веќе наврнале 140 милиметри дожд, што е двојно повеќе од просечните врнежи за октомври. Во Тасманија е издадено предупредување за евакуација на жителите во две населени места.
