Македонија

МТСП: Во тек е исплатата на еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош

13.10.2022 12:01

Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата. Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот...

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска . Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3.000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај. За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра од страна на Владата на Република Северна Македонија.