Форца јуриша кон тронот
23.04.2014 23:21
Екипата на Форца волеј е на една победа до одбрана на пехарот во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.

Во денешниот втор натпревар од финалната серија од разигрувањето со Јанта волеј, избраничките на Горан Славков славеа со 3-1, иако го загубија првиот сет со 29-27. И наредните два беа тесни, 25-21 во вториот и 26-24 во третиот, но во полза на Форца по што противничките не можеа да се соземат. Завршниот сет мина во доминација на актуелните првенки кои сезонава можат да ги обединат двете круни. За таков потфат потребна им е уште една победа над Јанта волеј, можеби веќе в сабота на свој терен.
