Наредната недела вакцинација против сезонски грип
Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население, пристигнаа во земјава. Имунизацијата почнува идната недела. Четиритипната вакцина е од компанијата „Абот“ од Холандија...

Пристигнати вакцините против сезонски грип, вакцинацијата почнува во тек на следната недела, информираа од министерството за здравство. Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население се пристигнати во земјава.
Повозрасните пациенти имаат навика да се имунизираат, велат лекарите, но бидејќи не знаат да аплицираат преку сајтот вакцинација.мк, се обраќаат до семејните доктори. По боцкањето потребни се 15 дена да се создаде имунитет, велат лекарите.
Вакцинацијата треба да заврши до средина на октомври.
Лекарите потсетуваат дека пред вакцинација пациентот треба да биде здрав. Во моментот ординациите ги полнат граѓани со респираторни инфекции, аденовируси, ротавирус.
Матичните велат дека во градинките се шири варичела и дека има доста заболени деца.
Наташа Јанчиќ Менковски
