47-годишен охриѓанец ја оштетил таблата со натпис „Цар Борис Трети“, сам се пријавил
Од охридската полиција соопштија дека вчера бил извршен разговор со него. Во врска со делото предвидено во член 243 од кривичниот законик, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување...

47-годишен охриѓанец ја оштетил таблата со натпис „Цар Борис Трети“ на бугарскиот клуб, во центарот на градот. Сам се пријавил во полиција.
Од охридската полиција соопштија дека вчера бил извршен разговор со него. Во врска со делото предвидено во член 243 од кривичниот законик, а во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување.
Таблата беше оштетена вчера, неколку дена по отворањето на клубот, што предизвика револт и протести на граѓаните, кои поминаа тензично.
