Македонија

Европскиот совет донесе одлука за потпишување на договорот меѓу Фронтекс и земјава

13.10.2022 15:39

Сега на потег е Европскиот парламент. Од Брисел наведуваат дека договорот ќе им помогне и на двете страни поефикасно да се справуваат со илегалната миграција и меѓуграничниот криминал и оти Фронтекс ќе обезбеди теренска поддршка за државава...

Европскиот совет донесе одлука за потпишување на договорот меѓу Фронтекс и земјава. Сега на потег е Европскиот парламент.

Од Брисел наведуваат дека договорот ќе им помогне и на двете страни поефикасно да се справуваат со илегалната миграција и меѓуграничниот криминал и оти Фронтекс ќе обезбеди теренска поддршка за државава.

Според Унијата, ова ќе овозможи зајакната безбедност за надворешните граници на блокот. Договорот треба да биде потпишан на 20-ти октомври.