ДПА во скопски Чаир
ДУИ велат ќе влезат во влада а не се свесни дека македонците не ги сакаат луѓето што не го почитуваат споствениот народ и што немаат авторитет кај него, рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА пред жителите на скопски Чаир. Според Тачи, и покрај тоа што ДУИ долго време се на власт, ништо не направиле за албанците. Додаде дека албанците живееле како во гето, без амбулатна, без училишта, без установи за култура, без инвестиции, без вработувања.

„Сите мислат дека ДПА ја изгореле, но ДПА се враќа многу силно, на 28-ми април ќе прекине лошиот филм за албанците, од тој ден ќе почнат економкси да јакнат. Албанците кои имаат казни и прекршочни пријави, ќе се избришат со закон за амнестија. Амнестија ќе биде и фисклани за таксисти, чаиџилници, кафулиња, мали и големи бизниси. Сите што имаат некаква казна од државата ќе бидат амнестирани“, рече Тачи.
Тачи пред чаирчани рече дека албанците не заслужуваат да живеат под закани и притисоци, не заслужуваат некој да ги лаже, тие заслужуваат да живеат слободно, додаде Тачи.