Шаќири: Греење и електрична енергија за училиштата ќе има
Согласно ветувањата на премиерот Ковачевски за училиштата ќе биде обезбедена евтина електрична енергија но тие ќе мора да бидат реорганизирани и да воспостават методи на штедење. Еден од начините е да се соединуваат одделенијата со помалку ученици. Министерот за образование и наука, уверува, за училиштата греење ќе има...

Греење и електрична енергија за училиштата ќе има, уверува министерот за образование и наука. Согласно ветувањата на премиерот Ковачевски за училиштата ќе биде обезбедена евтина електрична енергија но тие ќе мора да бидат реорганизирани и да воспостават методи на штедење. Еден од начините е да се соединуваат одделенијата со помалку ученици.
И на општините ќе им се помага со блок дотациите поради пребродување на кризата, вели министерот. Еден поинаков проблем се наметнува секојдневно, станува збор за недостиг на асистенти во образовниот процес, но и на дефектолози.
На меѓународната конференција „Образованието на лицата со попреченост – актуелни состојби и перспективи“, експертите од Македонија и од регионов дискутираат за социоекономските аспекти на образованието на лицата со попреченост.
Фиљана Кока
