Аграр

По 15 години се воведува нов модел за субвенционирање во аграрот

13.10.2022 15:59

Превидена е основна субвенција од 30 проценти авансно за одржување на земјиштето во обработлива состојба. Дополнителна поддршка ќе следува за производство на стратешките култури...

По 15 години се воведува нов модел за субвенционирање во земјоделството. Производителите ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено род. Превидена е основна субвенција од 30 проценти авансно за одржување на земјиштето во обработлива состојба. Дополнителна поддршка ќе следува за производство на стратешките култури.

Се воведува и нова мерка – бизнис-план за набавка на земјоделска опрема и производство на финални производи. Не е предвидено кратење на субвенции, туку поефикасна распределба и побрза исплата. Фокусот се става на стратешките култури., вели министерот Николовски.

Со новиот модел на финансиска поддршка се очекуваат стабилно домашно земјоделско производство и намален увоз. Земјоделците за да ги добијат 100 процентите субвенции треба да имаат договор за предадено производство кај регистрирани, а не кај диви откупувачи. Со зголемување на контролата на терен, ќе се елиминираат и можностите за нерегуларности.

Сунчица Николовска