Прилеп: Породилно за руралните жени и поголеми работнички права

13.10.2022 16:06

Меѓународниот ден на жените во руралните средини 15 октомври го пречекуваме со нееднакви права и родова нееднаквост на руралните жени, констатираат од асоцијацијата „ЛАГ“ агро лидер, а од мрежата за заштита од дискриминација алармираат – итно треба да се воведе породилното за руралната жена, а потребни се измени и во законот за работни односи

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова останува со своите пчели и социјалната помош. Малку и се подобрила ситуацијата, ама покрај ветувањата, нема работа иако би работела сè. Животот на жените на село е тежок и ги поддржува барањата за нивни права.

Мрежата за заштита од дискриминација алармира – итно е потребно воведување на породилното за жените земјоделки, зашто сега се дискриминирани. Имаат готови предлог законски измени. Станува збор за 1074 регистрирани земјоделки. Нема оптоварување на буџетот ако се одвојат 58 или минимално, 10 милиона денари годишно. Вака е спротивно на Уставот.

Руралната жена е во уште потешка ситуација при миграциите во урбаните средини и видливата родова нееднаквост.

Потребни се и измени во Законот за работни односи за руралните жени да се препознаат еднакво како сите други работнички.

Елизабета Митреска