Собрание

Келин: Уставни измени, пат кон членство во ЕУ

13.10.2022 16:30

Тежок е компромисот, но тоа е дел од демократијата, став на претседателката на долниот дом на швајцарскиот Парламент. За да ја отвориме втората меѓувладина конференција со Брисел, одговорноста ќе биде наша наша, смета спикерот Џафери...

Претседателката на долниот дом на швајцарскиот Парламент Ирене Келин при посетата на македонскиот законодавен дом се осврна и на прашањето за уставни измени за вметнување на малцинствата во преамбулата на Уставот.

Уставни измени за вметнување на малцинствата во преамбулата на Уставот поради иднината на земјата. Одлуките не се лесни, но тоа е дел од демократијата, вели швајцарската парламентарка Келин.

Според спикерот Џафери во наредниот период Собранието треба да се фокусира на уставните измени, предуслов за втората меѓувладина конференција со Брисел. Тој се надева дека сите политички фактори ќе покажат одговорност за важноста на процесот.

Џафери за иницијатива на Левица за референдум само кусо објасни дека е спротивна на деловникот. Во рок од 15 дена очекувам да се види во која насока ќе се исполнат барањата за усогласување со правилникот за работата на Собранието, појасни Џафери.

Игор Панов