Руско - украински конфликт

Голготата на цивилите во Украина

13.10.2022 16:37

Успехот на украинската војска и повлекувањето на руската од Херсон им донесе конечен мир на локалните жители, но голготата и натаму продолжува. „Психофизичките последици од војната се долготрајни од секој аспект, уште сме во агонија“ – велат граѓаните на регионот. Урнатините низ улиците се неизбежен потсетник на траумата низ која минувале низ кулминацијата на вооружените пресметки...

„Не се чувствував безбедно, кога се движев по улица, постојано гледав наназад. Кога наидувавме на руските војници, не ги гледавме, не знаевме што им е во главата. Анализиравме и размислувавме дали е подобро да преживееш напад и војник со пушка да ти се појави на врата?“

„Јас сум оптимист, но се плашам, уште трае. Уште пукаат, уште има оружје“.

И покрај сите проблеми, овие луѓе решиле да останат во своите домови. Со месеци живееле без вода, струја и со минимални количества храна кои ги добивале од хуманитарните пратки.

„Катастрофа, плачам цел месец, уште сум во шок. Сè загубив, имам 72 години. Ништо не остана“.

Битката за враќање на присоединетите украински територии продолжува. Тие во Херсон напредуваат и ослободуваат области од регионот кој се соедини со Русија по референдумот. Трупите под команда на Москва ги засилуваат акциите на првите борбени редови и се прегрупираат.

Маја С. Филдишев