Ковид-19

Нови 53 случаи на Ковид-19, нема починати лица

13.10.2022 16:45

Во изминатите 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19 од направени 657 тестирања. Во истиот временски период се регистрирани 36 оздравени лица, а не е регистрирано ниту едно починато лице...

Во изминатите 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19 од направени 657 тестирања. Во истиот временски период се регистрирани 36 оздравени лица, а не е регистрирано ниту едно починато лице.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје 39, Битола 4, Прилеп 3, Куманово и Велес по 2 и Тетово, Штип и Неготино по 1. Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани се и 36 оздравени пациенти од кои од Скопје 25, Куманово 4, Прилеп 2 и Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово по 1. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.