Ерусалим

Судири меѓу израелската полиција и Палестинци во Источен Ерусалим

13.10.2022 19:04

Тензиите во источниот дел на Светиот град се зголемија по убиството на израелски војник на контролен пункт на влезот на бегалскиот камп Шуафат на почетокот на неделава...

Израелската полиција повторно се судри со Палестинците во Ерусалим. Тензиите во источниот дел на Светиот град се зголемија по убиството на израелски војник на контролен пункт на влезот на бегалскиот камп Шуафат на почетокот на неделава.

Судири се регистрирани низ повеќе населби.