Митинг на ДУИ во Гостивар
Заедно е подобро, заедно сме посилни, заедно во Европа, времето е сега. Под овие слогани ДУИ го одржа својот митинг во Гостивар за предвремените парламентарни избори.
„Не беше прифатена нашата идеа за консензуален кандидат, да седнат легитимните претставници на албанците и македонците и да се договорат за кандидатот. Тоа не успеа и затоа рековме „НЕ“ на 13-ти април за претседателските избори. Ќе речеме „НЕ“ и на 27-ми април на вториот круг за претседателските избори. Но во исто време масовно да излеземе да го дадеме својот глас на предвремените парламентарни избори за нашите кандидати. Да се чуе гласот на 700 илјади албанци во Македонија“, рече вечерва во Гостивар претседателот на ДУИ и носител на пратеничката листа во 6-тата изборна единица - Али Ахмети.
„Гласачите го даваат легитимитетот кој ќе влезе во владата, албанците имаат свои легитимни и легални претставници во владата, нема кој друг да каже кој ќе влезе таму. Се зане кој ќе биде во владата, народот го дава легитимитетот. Имаше еден експеримент во 2006-та година и видовте како заврши тоа. Сега некои оптимисти кажуваат приказни, тоа е договорено уште во Охрид. Овде сакам да им порачам на турците дека ДУИ ги штити интересите на турците, бошњаците и ромите. Зошто гласаат за други партии, а не за своите “, рече Ахмети на митингот во Гостивар.
