Јужна Кореја: Пјонгјанг да престане со лансирање и провокации
Јужна Кореја со остро предупредување до Северна Кореја. Неодамнешните низа тестови и воени активности на Северна Кореја дополнително ги зголемија непријателствата на Корејскиот полуостров...

Јужна Кореја со остро предупредување до Северна Кореја, повикувајќи ја да престане со лансирањето балистички ракети и со провокативните тестови, откако Пјонгјанг денеска повторно истрела ракета со краток дострел кон источните води.
„Јужнокорејската војска силно ја предупредува Северна Кореја дека го прекршува воениот договор од 19-ти септември и предизвикува воена тензија на корејскиот полуостров преку континуирани провокации. Ја повикуваме веднаш да прекине. Ова се сериозни провокации кои ги поткопуваат мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров, како и Меѓународната заедница“, изјави Канг Хопил, висок функционер на јужнокорејскиот Здружен штаб.
Неодамнешните низа тестови и воени активности на Северна Кореја дополнително ги зголемија непријателствата на Корејскиот полуостров.
