Турција: До три години затвор за ширење дезинформации
Турскиот парламент го усвои законот предложен од претседателот Ердоган со кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи ќе ги казни од една до три години за ширење лажни информации. Венецијанската комисија објави дека е особено загрижена за последиците од таквата одредба...

Турскиот парламент го усвои законот предложен од претседателот Ердоган со кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи ќе ги казни од една до три години за ширење лажни информации за безбедноста на земјата со цел да создадат страв и да го нарушат јавниот ред.
И, покрај критиките од опозицијата за заканите за слободата на говорот, пратениците од мнозинството го одобрија законот.
Венецијанската комисија, која го советува Советот на Европа, објави дека е особено загрижена за потенцијалните последици од таквата одредба, односно застрашувачки ефекти и зголемена самоцензура.
