Свет
Поплави во Автралија, населението се евакуира
14.10.2022 10:26
Водата од речните корита се излева во делови од државата Викторија, Нов Јужен Велс и северните региони на островската држава Тасманија. Стотици луѓе се евакуирани...

Австралиските власти ги повикаа граѓаните на југоистокот да ги напуштат своите домови поради поплавите предизвикани од обилните дождови. Се очекува зголеменото ниво на реките да остане високи со денови.
Водата од речните корита се излева во делови од државата Викторија, Нов Јужен Велс и северните региони на островската држава Тасманија. Стотици луѓе се евакуирани.
Австралискиот премиер Ентони Албанес им порача на луѓето да не ризикуваат да возат во опасност од поплави.
