Македонија

КСЗД: Клубот „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата

14.10.2022 10:48

„Се препорачува здружението да ги отстрани содржините на својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикнување на инструкции за вознемирување поврзани со ликот, делото на личноста Иван Михајлов во најкус можен рок“, изјави изјави Весна Бендевска, член на КСЗД...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) го соопшти мислењето по претставката за заштита од дискриминација поднесена од Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија и граѓаните продолжувачи против здружението Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола за извршена дискриминација врз национална и етничка припадност. Препорача, бугарското здружение и клуб „Иван Михајлов“ во Битола да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата.

„Ова се однесува на елементите кои предизвикуваат вознемирување врз национална, етничка основа, што е детално опишано во нашето мислење, во рок од 45 дена. Се препорачува здружението да ги отстрани содржините на својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикнување на инструкции за вознемирување поврзани со ликот, делото на личноста Иван Михајлов во најкус можен рок, но не подолг од 30 дена. Најважно е дека се препорачува Министерството за правда да изврши надзор над законитоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации“, изјави Весна Бендевска, член на КСЗД.

„Комисијата нема законски надлежности да затвора. Таа утврдува или не утврдува каква било форма на дискриминација. Во предметот утврдивме потешки форми на дискриминација од здружението во Битола. Комисијата утврди индиректна дискриминација од Министерството за правда, затоа што му овозможило со регистрацијата на ова здружение, да се вознемири поголема група граѓани. Комисијата е должна да предложи и препорача начин на отстранување“, истакна Бендевска на прес-конференција.