МНТ на фестивал на монодрама
Овој фестивал ги собира најзначајните театарски уметници од Србија и регионот. Фестивалот има натпреварувачки и регионален карактер, а за победникот одлучува стручно жири во кое членуваат еминентни имиња од театарската уметност...

„Последната лента на Крап“ е монодрамата со која Македонскиот народен театар, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски, на 14 октомври ќе учествува на 10. Бечејски фестивал на монодрамата Би: фемон (Be: femon), во Бечеј, Р Србија.
Овој фестивал ги собира најзначајните театарски уметници од Србија и регионот. Фестивалот има натпреварувачки и регионален карактер, а за победникот одлучува стручно жири во кое членуваат еминентни имиња од театарската уметност. Целта на фестивалот е афирмирање на монодрамската форма како посебен вид на театарски израз кој подразбира врвно театарско умеење и вештина.
Покрај натпреварувачкиот дел фестивалот има и офф програма во рамките на која ќе има промоција на монографии, изложби, тркалезни маси и работилници.
Во компетитивниот дел од фестивалската програма ќе учествуваат седум одлични монодрами од Србија, Унгарија, Хрватска и од Северна Македонија, а програмата ќе трае од 12 до 15 октомври.
„Последната лента на Крап“ во изминатиот период учествуваше и во офф-програмата на 19. ИФАД „Стоби“, гостувањето на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска
