САД

Вооружен напад во Северна Каролина, убиени пет лица

14.10.2022 12:16

Уапсен е напаѓачот што отвори оган покрај патеката за пешачење во станбена област североисточно од центарот на главниот град на Северна Каролина, Осомничениот бил малолетник и бил приведен неколку часа по пукањето...

Уапсен е напаѓачот што отвори оган покрај патеката за пешачење во станбена област североисточно од центарот на главниот град на Северна Каролина, убивајќи пет лица, меѓу кои и полицаец, соопштија властите.

Осомничениот бил малолетник и бил приведен неколку часа по пукањето, откако полицијата успеала да го задржи во станбената резиденција. Мотивите за нападот се непознати.