Социјалните мрежи, лажните информации и говорот на омраза, фактори за зголемена нетолеранција
Неоходна е почеста комуникација за разбирање на религиските групи и вклучување во граѓанските и институционалните активности, препорачуваат од прилепската невладина организација. Истражувањата покажале дека за зголемување на нетолеранцијата главна улога имаат социјалните мрежи, лажните информации и говорот на омраза...

Лажните вести, дезинформациите, теориите на заговор, па и економските и политички кризи последниве години ја зголемија нетолеранцијата, нетрпеливоста и неразбирањето меѓу религиозните групи и во нив, покажуваат истражувањата на невладината Станица П.Е.Т. за состојбите во Прилепскиот регион.
Неопходна е поголема комуникација меѓу религиозните и етничките групи. Во шестнеделната школа за комуникации се вклучија 17 претставници на религиозни групи и невладини организации поради сознанијата дека проблемите треба да не поврзуваат, а не разединуваат.
Комуникацијата е клучна за разбирањето, а обуките и средбите се неопходни.
Елизабета Митреска
