КСЗД утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност извршено од клубот „Ванчо Михајлов“
Утврдена дискриминација по основ на национална и етничка припадност, за основањето на здружението културен центар „Ванчо Михајлов“-Битола. Индиректна дискриминација, од Министерството за правда. На здружението му се овозможило да врши противзаконски дејствија...

Комисијата утврди вознемирување како потежок вид дискриминација по основ на етничка припадност, извршено од клубот „Ванчо Михајлов“ кон членовите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во државата, утврди Комисијата за заштита од дискриминација. Утврдена е и индиректна дискриминација од Министерството за правда поради законските пропусти. Претставката беше поднесена од битолскиот Сојуз на борци.
Комисијата препорачува здружението да ги отстрани спорните елементи во името, статутот и програмата, во рок од 45 дена, но и од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов.
Од Комисијата информираа дека за две години биле поднесени 26 претставки од македонски граѓани со бугарска самосвест. Во два случаи е утврдена дискриминација, два се отфрлени, седум се одбиени како неуредни, а уште 15 се разгледуваат. Шест се поднесени од физички лица, а 20 од здруженија на граѓани.
Игор Панов
