Македонија

Одложено судењето за случајот „Беса Транс“

14.10.2022 13:51

Судот му наложи на обвинетиот Беким Хаџиу да ополномошти еден од вработените во фирмата за да го застапува правното лице на наредните судења. Ново рочиште е закажано за средината на идниот месец...

Судењето за случајот „Беса Транс“ се одложи пред да почне. Судот му наложи на обвинетиот Беким Хаџиу да ополномошти еден од вработените во фирмата за да го застапува правното лице на наредните судења.

Ново рочиште е закажано за средината на идниот месец.

Хаџиу е обвинет за фалсификување на лиценцата за превоз на автобусот што минатата година изгоре во Бугарија. Во моментов се води и предистражна постапка за цариниците кои дозволиле возило со лажни документи да ја помине границата.