Здравство

Регистрирани 70 нови случаи на Ковид-19

14.10.2022 14:18

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на Ковид-19...

Во последните 24 часа направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 51, Прилеп – 9, Битола и Куманово – по 3, Охрид – 2, Тетово и Кавадарци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистрирани се 60 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327.