Петровска и Лекорну потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната
Документот следува по Договорот за опремување на македонската Армија со воена опрема од француско производство. Со францускиот министер Лекорну било разговарано и за интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија...

Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот домаќин Себастијан Лекорну во Париз го потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната.
Документот следува по Договорот за опремување на македонската Армија со воена опрема од француско производство.
„Со договорот ќе се врши обука на армиски кадри во престижните француски воени училишта, а воената соработка ќе се операционализира на армискиот полигон „Криволак“, изјавила Петровска по средбата.
Со францускиот министер Лекорну било разговарано и за интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија, како и за безбедноста во регионот.
