Македонија

Антикорупционерите задоволни од извештајот на Европската комисија

14.10.2022 14:49

На дневниот ред на Комисијата се најдоа предмети од речиси сите области, од лицитацијата на агенцијата за управување со одземен имот каде стотици возила биле дадени како старо железо за што антикорупционерите ќе се обратат до Финансиската полиција, до предмети за злоупотреби со семејни имоти, денационализации, судир на интереси и многу други...

Антикорупционерите задоволни од извештајот на Европската комисија, велат, тоа е конечно потврда по четврти пат за нивниот интегритет, независност и непристрасност и во тоа никој ниту можел ниту ќе може да ги спречи. И, покрај обидите на одредени партии да ја злоупотребат за дневно политички цели, вели првата антикорупционерка како со последниот случај за „Броило“.

На дневниот ред на Комисијата се најдоа предмети од речиси сите области, од лицитацијата на агенцијата за управување со одземен имот каде стотици возила биле дадени како старо железо за што антикорупционерите ќе се обратат до Финансиската полиција, до предмети за злоупотреби со семејни имоти, денационализации, судир на интереси и многу други. Од Комисијата одговараа и на новинарски прашања.

За случајот со „Пуцко Петрол“ и синот на спикерот Џафери, антикорупционерите се при крај со прибирање информации за да излезат пред јавноста со одлука.

Фиљана Кока