„Жените во надворешната политика“
Ефективното вградување на принципот на родова еднаквост во сите сфери на општеството, со посебен фокус на безбедноста на жената, заштитата од семејно насилство како и економската независност – теми на втората Меѓународна конференција „Учество на жените во надворешната политика“...

Вклученоста на жените во меѓународните односи, нивната улога во креирањето политики, водењето преговори, справувањето со конфликти и обезбедувањето одржлив мир – теми на втората меѓународна конференција „Жените во надворешната политика.
Потребно е ефективнотото вградување на принципот на родова еднаквост во сите сфери на општеството, заштитата на жената од семејно насилство како и економската независност – порачаа учесниците.
За вистински просперитет во општеството потребни се и повеќе жени на лидерските позиции. Но потребна е и голема промена во спроведувањето на женските права на највисоко можно ниво.
Жените имаат важна улога во надворешната политика и нивниот глас е многу можен. Делуваме во насока на подигање на важноста на жената во носење на одлуките за безбедност и меѓународни преговори. Сепак и покрај учеството на жената во највисоките политички тела на моќ, родовата нееднаквост сè уште постои, изјави Ирене Фелин специјален претставник за жени, мир и безбедност на НАТО.
Преку споделување на нивните искуства, учесниците ќе ја зајакнат мрежата на жени во надворешна политика, која во иднина ќе биде отворена за соработка и со други меѓународни мрежи.
Марина Т. Стојанова
