Повисоки цени за откуп на земјоделски производи

24.04.2014 09:46

Во февруари вкупната трговијата на земјоделските производите беше поголема од ланската. Според статистиката најмногу се продавале житото и млекото...

Според статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во февруари годинава изнесува 2 милијарди и 400 милиони денари или за 28 проценти повеќе од овој месец лани.

Кај индивидуалните фармери вредноста на откупеното е зголемена за 77, додека пак  продажбата од сопствено производство на комбинатите е во обратна насока и е  намалена за 22 проценти.

Зголемувањето на цените на откупените земјоделски производи има кај житата, индустриските растенија, млекото и рибата, а поевтинеле градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, јајцата и млечните производи.
 

Методија Трајков