Битола

Денови на македонското пчеларство

14.10.2022 15:49

Уште една непродуктивна во низата години за пчеларите. И покрај низата неповолни години и ниската продуктивност доајените на пчеларството не отстапуваат од девизата „На прво место пчелите а потоа производот“...

Во Битола по 25-ти пат се одржува манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“. И покрај низата неповолни години и ниската продуктивност доајените на пчеларството не отстапуваат од девизата- „На прво место пчелите а потоа производот“.

Уште една непродуктивна во низата години за пчеларите. Продуктивноста помеѓу пет до седум килограми мед по пчелно семејството. Но и во вакви услови доајените на оваа дејност со старата девиза „на прво место пчелите потоа производот“.

Раде Каранфиловски над половина век одгледува пчели. Вели некогаш проблем ни создаваше болеста Вароа. Во последните десет години данокот го земаат климатските промени.

За актуелната цена од над 500 денари за килограм органски мед признава дека е висока за обичниот граѓанин, но сепак медот е здрава храна.

Како да се препознае вистинскиот квалитет и нелојалната конкуренција. Од Републичкиот сојуз, велат дека се во процедура со Агенцијата за храна од ресорното министерство, потенцираат дека и во новиот модел за субвенционирање има место за пчеларите.

На ниво на држава егзистираат над 6.000 пчелари со над 300.000 пчелни семејства.

Стевче Митревски