Македонија

Лудва: Чешка отсекогаш е силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

14.10.2022 16:05

Патот на соработката и разбирањето е името на чешката иницијатива со цел инспирирање на дебата меѓу Македонија и Бугарија. Организатори на настанот кој ќе се состои од три семинари, се чешките амбасади во Скопје и во Софија. Фокусот ќе биде на добрососедските односи, соработката и заедничката европска иднина...

Патот на соработката и разбирањето е името на чешката иницијатива со цел инспирирање на дебата меѓу Македонија и Бугарија. Организатори на настанот кој ќе се состои од три семинари, се чешките амбасади во Скопје и во Софија. Семинарите ќе се одржат во македонската и бугарската престолнина и во пограничната зона. Фокусот ќе биде на добрососедските односи, соработката и заедничката европска иднина што ќе придонесе за развој не само на Бугарија и Македонија, туку на целиот регион, велат од Чешката Амбасада во Скопје.

„Чешка отсекогаш е силен поддржувач на европскиот пат на Македонија и среќни сме што на почетокот на нашето претседавање ги почна пристапните преговори со европската унија. Тоа е долг и тежок пат и она што се обидуваме да го направиме во рамките на нашето претседавање, со буџетот што го имаме е да организираме серија на семинари и конференции за Македонија и добрососедските односи, како и подигање на дијалогот со Бугарија“, вели чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Според амбасадорот, постои простор за подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. На новинарско прашање за бугарските провокации, Лудва со одговор, како амбасадор не можам да се мешам во внатрешните односи, но јас сум секогаш за соработка, а не за проблеми.

Марија Котовска