ЕСМ ја доби лиценцата, почнува грејната сезона
Од утре почнува грејната сезона. ЕСМ ја доби лиценцата за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Температурата на топлење ќе биде најмногу 21 степен. Топланите имаат капацитет во октомври и ноември да ги задоволат потребите, велат од Регулаторна. Уверуваат дека цената на струјата нема да поскапи, ако ЕСМ го оствари проектираното производство...

Почнува грејната сезона. ЕСМ ја доби лиценцата ја дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Но температурата на топлење ќе биде најмногу 21 степен-велат од Регулаторната комисија за енергетика. На прашањето дали до пуштање во употреба на ТЕТО што е проектирано да произведува 70 насто ќе има проблем со испорака, Бислимовски вели топланите имаат капацитет во октомври и ноември да ги задоволат потребите.
Бислимовски вели до 31-ви декември не се очекува поскапување на електричната енергија, доколку ЕСМ што сега ја продава струјата на ЕВН ХОМ по цена од 48 евра за мегават го издржи проектираното производство. Но според Регулаторната комисија за енергетика ако на регулиран пазар се вратат основните и средни училишта и други институции и компании по одлука на владата ќе се направи дополнителен притисок на цената преку маржите. За да им се помогне вели Бислимовски треба ЕСМ продажба преку својата компанија да им дава по цени исти или пониски и така на месечно ниво.
Со прогласената кризна состојба владата има можност да му даде налог на ТЕТО да работи, да му исплати соодветен надоместок за функционирање но според Бислимовски се прават сериозни напори да најде природен гас по цена пониска од берзанската за да биде исплатливо нивното производство.
Викторија Милевска
