НДИ: Има напредок во медиумското претставување на кандидатите
Националниот Демократски Институт (НДИ) ги следи изборите во Македонија и е изненаден што ДУИ ги бојкотира претседателските избори. Според офицерот за Македонија на НДИ, Сара Беди, подобрено е медиумското претставување на кандидатите преку одржување на јавни дебати...

Економијата и евроатланската интеграција ќе останат главни приоритети на Македонија и по изборите. Европа вклучувајќи и ја и Македонија, не е приоритет на администрацијата во Белата куќа. Нема средби на македонски политичари во Белата куќа за време на мандатот на Барак Обама, а со новиот буџет за 2015-та се планира и затворање на Гласот на Америка на македонски јазик.
„Но знам дека постои интерес во Конгресот. На пример, за интересот на Македонија за членство во НАТО, набљудувавме дека конгресмени поднесоа Резолуција за тоа“, вели Сара Беди- офицер за Македонија на Националниот Демократски Институт.
Од Американскиот Национален Институт се изненадени од бојкот на ДУИ на претседателските избори во Македонија, но сметаат дека е направен напредок кон медиумското претставување на кандидатите со одржување на јавни дебати. Македонија е демократија којашто знае да одржи слободни и фер избори како и во секоја земја членка на НАТО и на Европската Унија.
Според досегашната пракса, во вториот мандат американските претседатели прават посмели одлуки за надворешната политика. Дали тоа ќе биде случај и со Македонија, останува да видиме.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
