Посета на Франција

Петровска се сретна со генералот Беноа Дуре

14.10.2022 18:07

За време на работната посета на Франција, министерката за одбрана Славјанка Петровска го посети и Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција, каде имаше официјална средба со директорот на институтот, генерал-потполковник Беноа Дуре...

За време на работната посета на Франција, министерката за одбрана Славјанка Петровска го посети и Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција, каде имаше официјална средба со директорот на институтот, генерал-потполковник Беноа Дуре.

За време на средбата се реафирмираше значајноста на склучувањето на Договорот за соработка во одбраната со што ќе се создадат бројни можности за обука и едукација на нашите припадници на високите престижни школи во Франција.

Воедно, се дискутираше и одбранбено – безбедносната проблематика во регионот, при што министерката Петровска ја потенцираше значајноста за интензивна интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Петровска се заблагодари за поддршката и можноста нашите претставници да се едуцираат на Институтот за високи студии за национална одбрана.

Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција има за цел да ја промовира културата на одбраната, да учествува во зајакнувањето на националната кохезија и на придонес во развојот на стратешкото размислување за прашањата од одбраната и безбедноста. Во два наврати наши претставници учествуваа на курсот „Вооружување и одбранбена економија“, на Институтот за високи студии за национална одбрана.