Лондон
Еко-активистки вандализираа слика на Ван Гог
14.10.2022 20:02
Лондонската полиција уапси две еко-активистки кои истурија супа од домати врз сликата „Сончогледи“ на Винсент Ван Гог во лондонската Национална галерија...

Лондонската полиција уапси две еко-активистки кои истурија супа од домати врз сликата „Сончогледи“ на Винсент Ван Гог во лондонската Национална галерија.
Бараат Владата да ги запре новите проекти за нафта и гас. Во последните неколку дена, еколошките здруженија ги блокираа патиштата околу парламентот, а минатата недела биле уапсени над 100 луѓе.
Од групата „Само запрете ја нафтата“ велат дека сликата, која датира од 1888 година, вреди 84,2 милиони долари.
